Понекогаш вашата веб страна, направена од компанија со звучно име (читај голема компанија) не мора да значи дека ги исполнува вашите барања. Така беше и со Фондацијата ПЕЛАГОНИЈА ПРЕДА. Тие имаа веб страна која не го отсликуваше нивното работење, но и од страна на функионалноста, имаа еднојазична страна на македонски јазик. Нивното растење како Фондација бараше ориентирање кон надворешни донатори, и секако, веб страна која ќе биде и на англиски јазик. Им требаше функционално решение.
По изборот на Нова Солутионс како компанија која ќе ја изработува веб страната, ние во рок од три недели направивме веб страна базирана на систем за управување на содржини Joomla! 1.5, дво јазична и лесно достапна за уредување. Новиот систем за поставување на слики и документи беше олеснување за администраторот на страната. Сега во просек заштедува до 50% од времето кое досега итребаше за ажурирање на старата веб страна.
Дизајнот е одраз на нивниот идентитет, боите на нивното лого, и нивната стабилност и сериозност како фондација.
Како и досега Ве упатуваме на нивната веб странаwww.preda.org.mk за да побарате мислење за решението кое им го понудивме и испорачавме




