
Од 01.02.2010 стартува новата веб страна на Федерацијата на Фармерите во Република Македонија www.ffrm.org.mk, на која што можете да се информирате за активностите, функционирањето и организираноста на Федерацијата.
Новата веб страна на Федерација на фармерите е пријателски ориентирана кон корисниците со напреден систем за управување на содржини и документи. Нуди струкура која што е оптимизирана за пребарувачите како што се Google и Yahoo, со што овозможува подобро рангирање на написите објавени на веб страната на истите.Содржините се на македонски јазик, но поставен е Google Translator кој врши автоматски превод. Официјалните документи како што се Статут и правилници ќе бидат достапни и на македонски и на албански јазик.
Во веб страната е вграден и Форум кој е интерактивен и чија цел е добивање на повратни информации од членството на ФФРМ и останатите посетители на страната.




