Сведоштво за одржување на веб страна на ФФРМ, РЦ Струмица
Петок, 20 Март 2009 09:55
Игор Мишевски
Веб страната на ФФРМ ја користам како начин за пласирање на информации до членството. Задоволна сум од тоа што е лесна за користење т.е. можам и сама да внесувам податоци на истата кои сметам дека се потребни за фармерите.
На нашата веб страна има голем број на информации кои се корисни, но нај битно од се е што постојано се абдејтира така да нашите читатели можат да се хранат со точни, навремени и реални информации. При пишувањето на информации на истата добиваме совети и инструкции од нашиот колега кој во секое време од денот ни е достапен, и несебично ги дели своите знаења со нас. Дизајнот на веб стрaната според мене е привлечен и лесен за читање.
Направен е според вкусот на нашата целна група- фармерите. Голем дел од нив доаѓаат и ни соопштуваат дека редовно ја посетуваат нашата веб страна, која можам да кажам е единствена веб страна од таков карактер во Р. Македонија.
Ние, а пред се фармерите се задоволни бидејќи на веб страната можат да најдат информации кои се од големо значење за нивниот бизнис.
Љубинка Дивјакоска,Советник за услуги, РЦ Струмица при ФФРМ