Регионален портал за следење на социјалните мрежи

Е-пошта Печати PDF

Во соработка со водечката агенција за социјални медиуми iSTUDIO од Хрватска и Nova Solutions од Македонија денес е пуштена во употреба меѓународна страница за следење на успехот на различните брендови на социјалните медиуми - www.socialnumbers.com .

socialnumbers1

Некогашниот drustvenimediji.com , попознат како www.socijalnimediumi.com , веќе некое време успева да даде податоци за локалната статистика на најдобрите страни на брендови на Facebook.

На www.socijalnimediumi.com , може да се следат најдобрите страни според дневен, неделен и вкупен раст на бројот на фанови, во квалитетот на интеракција (FIR) како и увид во агенциите, кои градат присуство на брендовите на социјалните медиуми.

Денес сите локални портали од регионот се соединија под името www.socialnumbers.com , и станаа дел од една скоро глобална приказна чија задача ќе биде можноста да се спореди Вашиот бренд со било која друга страна, во било која категорија на светот на социјалните медиуми, како и листање на најдобрите светски агенции за социјални медиуми. Целта на овај портал е прилагодување на статистиката на Facebook, како и до сега, но исто така и вклопување на овие портали во една поголема слика, така што на секој community менаџер, менаџер за социјални медиуми и бранд менаџер, ќе му претставува најдобра секојдневна алатка од која можат да добиваат повеќе информации за да го следат својот бренд, а исто така да добијат идеи за подобрување на своето работење.

Socialnumbers.com во однос со другите портали ќе ги нуди следниве опции:

· Нов, напреден дизајн

· Прилагодувања според државата ( Хрватска,Словенија, БиХ, Македонија, Австрија)

· Листа на најдобрите статуси по страни и држави

· Споредба на страница со конкуренцијата дури и ако не се пријавени од почеток во составот

· Споредба на страница со конкуренти надвор од државата

· Приказ на најдобрите медиумски портали по бројот на

Моментални водечки страни во Македонија се Unique и T-Mobile MKD, најголем неделен раст оствариле Porsche и Bimilk на Битолска Млекара, најдобри статуси се оние на Dormeo.
YOU ARE HERE: Регионален портал за следење на социјалните мрежи