Интернет маркетинг, социјални медиуми, веб дизајн и одржување на веб страни - Nova Solutions

Е-пошта Печати PDF

Сведоштво за одржување на веб страна на ФФРМ, РЦ Битола

Веб страната на ФФРМ лесно се пребарува и има добра прегледност. Посебно вестите од одделните Центри на ФФРМ.
Редовно е надоплнувана со нови содржини, корисни за нашите членови. Можноста за добивање на повратни информации од посетителите, во вид на анкета е исто корисна за нашето работење.
Опцијата за внесување на нови содржини е доста едноставна и лесно применлива.
Дизајнот на веб страната е одличен. На целата страна, применетите бои и слики ја означуваат Федерацијата и посебностите на одделните Центри. На тој начин ја кажуваат приказната за нас.
Елена Главеска, Координатор и администратор на РЦ Битола при ФФРМ
Е-пошта Печати PDF

Систем за е-учење со тест модул

Нова Солутионс изработи комплетен систем за е-учење со повеќејазичен пристап врз основа на слободниот софтвер Moodle.

Е-пошта Печати PDF

Соработка со ВБС доо Скопје

Лого на ВБС, застапници за е-бизнис пакетите

НОВА СОЛУТИОНС склучи соработка со компанијата ВИРТУЕЛНИ БИЗНИС СИСТЕМИ доо Скопје, кои ќе ги нудат пакетите за е-бизнис на НОВА СОЛУТИОНС.

Е-пошта Печати PDF

Партнерство со New Media Corporation

nmc-logoНова Солутионс во соработка со New Media Corporation неколку месеци работеа на платформата за електронски саем МакEXPO кој прествуваше изненадување за многу компании.

Оваа соработка е резултат на партнерството помеѓу овие две фирми во секторот на веб апликациите и бази на податоци.

Е-пошта Печати PDF

Веб дизајн (-от) се познава по содржината

veb-dizajn-na-cs-globalВеб дизајн кој е перфектно ускладен според имиџот на компанијата и еднставноста на употребата од страна на корисниците е желба на секој клиент. Веб страна со добар веб дизајн е само половина успешна приказна. Постои една модерна реченица која важи за секоја веб страна, а тоа е „Content is the king“. И ние се сложуваме со ова, но имајќи ги предвид родовите во нашиот јазик ќе кажеме „Содржината е кралица“ и ќе дополниме „... а веб дизајн -от е крал“.

Ова важи за новиот веб дизајн на новата веб страна на ЦС Глобал - единствена компанија во Македонија која целосно го има фокусот на управување и развој на човековиот капитал и зголемување на стратешката вредност на човековите ресурси. Нивната страна е изработена во првата половина на ова година, но вистинската вредност ја доби сега по неколкумесецно функционирање. Новиот веб дизајн е базиран на едноставен и чист темплејт кој има за цел да престави колку што е можно повеќе информации корисни за посетителите. Ажурирањето е често и веб страната се подновува неколкупати во текот на се секоја недела. Зато може да кажеме дека има добар веб дизајн, но е и веб страна со одлична содржина.

Страница 1 од 7

YOU ARE HERE: